ВМРО-ДПМНЕ: Со Ковачевски над 600.000 граѓани живеат во сиромаштија, а 80.000 со помалку од 80 денари на ден

Да се провери дали Ковачевски пред настапот на трибината, бил на вински саем. Зошто ако не бил, немаше да кажува глупоости, дека откако тој е премиер, платата скокнала на чудесни 630 евра, на портите сме пред рајот и дека новото нормално е блаженството, кое секој сака да го достигне со СДС, реагира ВМРО-ДПМНЕ на настапот на Ковачевски во Кочани каде изјави дека СДСМ вратил 2,6 милијарди евра кај граѓаните, а просечната плата се зголемила на 630 евра или 270 евра повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено со што Ковачевски порасна, покрај криминалот е инфлацијата, цените на производите и сиромаштијата. Во Македонија до крајот на оваа 2023-та година, веќе ќе има 600 илјади граѓани, кои ќе живеат во сиромаштија, со 150 денари на ден, што е секој трет човек во државата, а таа бројка пред само неколку години била 360 илјади граѓани. Со само 80 денари на ден, преживуваат 80 илјади луѓе. Ова се поразителни и катастрофални бројки и факт е дека никогаш не било полошо. Затоа, важно е да бидат поразени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.