Палестинската влада на движењето Хамас денеска соопшти дека во израелските воени операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври досега се убиени 20.258 лица, пренесе агенцијата Франс прес.
Во таа бројка се вклучени 201 лице кои загинале во последните 24 часа, соопшти Министерството, додавајќи дека повеќе од 53.000 се повредени.
Како што претходно пренесоа светските медиуми, по нападот на Хамас на 7 октомври, Израел изјави дека има две цели, да го уништи Хамас и да ослободи 129 заложници, кои се уште се во заробеништво на екстремистите во Газа.
Израелските лидери велат дека интензивниот воен притисок е единствениот начин да се ослободат повеќе заложници, но семејствата се загрижени дека бомбардирањето ги става во поголема опасност.