Полицијата во Балтимор, САД трага по најмалку еден осомничен по пукањето што се случи рано утринава по локално време.
Едно лице е убиено, а четворица се ранети во престрелката во Вудлаун, соопшти полицијата.
Повредените се пренесени во болница.
Пукањето се случило на паркингот на трговскиот центар познат како Security Business Center.
Полицијата ја истражува поврзаноста на настанот со бел автомобил од марката „хундаи“ од Њу Џерси.