Мицкоски има тренд на раст, а СДСМ и Ковачевски имаат пад

Декемвриската анкета на МКД.мк која ја спроведе агенцијата Маркет вижн во споредба со претходните покажува дека расте бројот на граѓаните кои би излегле да гласаат на наредните избори.

И оваа анкета го потврди трендот на раст на популарноста на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и падот на владеачката СДСМ. Меѓу испитаниците почна да се појавува и новата политичка партија ЗНАМ и нејзиниот претседател Максим Димитриевски.

На прашањето „во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба“, 12,95 отсто од испитаниците го посочија името на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 6,65 отсто од нив го избраа Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски доверба имаат само 4,25 отсто од гласачите, во Димитар Апасиев, првиот човек на Левица 3,5 %.

Кај лидерите, според анкетите на МКД.мк во февруари, јуни септември и декември, воочлив е растот на популарноста на Мицкоски (од 11 на 13%), падот на Ковачевски (од 8,2 на 4,3 отсто) и на Апасиев (од 4 на 3,5%), и стабилноста во популарноста на Али Ахмети околу 6 отсто.