Пет лица се примени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, откако синоќа автобус излетал од автопатот Белград-Ниш.
Едно од лицата се здобило со многу тешки повреди опасни по живот, информираат од болницата.
Како што е наведено, се работи за 20-годишна девојка која има повреди на градниот кош, двете потколеници, двете стапала, левата бутна коска и повреди на главата.
Синоќа околу 23 часот автобусот излетал од патот кај селото Катун.
За сообраќајната несреќа е известено обвинителството. Сообраќајот на тој дел од автопатот е нормализиран.
Причините за несреќата засега не се познати.