Арбен Таравари – генералниот секретар на Алијансата за Албанците побара од претседателот државата Стево Педаровски да го повлече указот за именувањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор на С. Македонија во ОН во Њујорк.
„Овој указ низ мрак на претседателот Пендаровски е невиден дипломатски скандал и навреда за повеќето граѓани, од повеќе причини. Првата се однесува на политичкиот ангажман и длабоко антиалбанскиот пристап на Фрчкоски. Како идеолог на СДСМ и поранешен министер за полиција ги користеше истите методи на прислушување како Груевски и беше сценарист на масакрот на Бит Пазар, аферата со оружје и многу други епизоди на газење на Албанците, за кои никогаш не е одговорено“ рече Таравари.
Градоначалникот на Гостивар смета дека „Фрчкоски е албанофоб и е непожелен во САД“.
„Затоа го повикуваме претседателот Пендаровски, ако по секоја цена сакаат да го направат Фрчкоски амбасадор, единственото место каде што овој поединец би бил прифатлив е Путиновата Москва, но во никој случај престолнините на нашите западни сојузници“ – рече Таравари.