184 казнети возачи во Скопје, 75 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, две санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.