Скопската елка е главна тема во регионот

Повеќе медиуми во регионот објавија за тоа дека граѓаните на Скопје не се задоволни со елката на плоштадот во градот. Регионалните медиуми во своите наслови ги тешат читателите од нивните земји велејќи дека ако мислат украсувањето во нивниот град „не е во форма“ да се сетат на тоа какво е китењето во Скопје.

Дури, во некои наслови се тврди дека „туристи од целиот свет ја исмејуваат елката во Скопје“.

„Несреќната“ елка стана позната токму поради тоа што изгледа прилично грдо за новогодишната ноќ – неугледна е и недовршена, се чини дека не е ни целосно украсена, а згора на сè е и искривена“, пишува српска Нова.

Притоа медиумот ја надополнува својата приказна со коментарите за елката во Битола која исто така е исмевана на социјалните мрежи во Македонија дека е „другата половина на елката од Скопје“ според тоа дека е накитена од половината нагоре.

„Вакво нешто нема ни на Али Експрес“, гласи еден од коментарите на скопјани на социјалните мрежи кој потоа беше пренесен во насловите на регионалните медиуми.