
Една изјава, две интерпретации, Мицкоски и Ковачевски од различен агол гледаат на изјавата на шефицата на бугарската дипломатија Марија Габриел, дека уставните измени не се единствениот услов на патот кон ЕУ.
Лидерот на опозицијата оцени дека Марија Габриел која е следниот ротирачки премиер на Бугарија, им ја кажала вистината на македонските власти. Премиерот Ковачевски пак се повика на заклучоците од Советот за општи работи, кој се одржа минатата недела во Брисел.
– Таа не кажа нови услови. Ние имаме многу јасна преговарачка рамка, која што има обврски за Европската унија и за Северна Македонија. Ние во Брисел на последниот Самит на Западен Балкан со ЕУ и на последниот Европски совет, имавме најјасен заклучок досега од добивањето на кандидатскиот статус со ЕУ. Во параграфот стоеше Република Северна Македонија успешно го заврши скрининг процесот – рече Ковачевски.
Марија Габриел вчера порача дека не се само уставните измени услов за ЕУ, туку и Договорот за добрососедство и двата Протокола, кои, како што кажа, се три сврзани документа и дека истите се дел од компромисот меѓу Скопје и Софија, кој се случи во јули 2022год.
За Мицкоски ова е само почеток, како што кажа- за проблемите кои допрва следат.
– Им ја плесна вистината во очи. Тоа е вистината за која што ВМРО-ДПМНЕ и јас зборуваме веќе година и половина. На јавна сцена се виде дека Маричиќ, Зечевиќ, Ковачевски, Ахмети, Османи, Груби, го лажат народот во Македонија дека ова е последната пречка, не е последната пречка. Ова е само почеток на проблемите кои што следат, затоа што без општествена поддршка и без консултации со опозицијата потпишаа договор., се со цел да го завршат својот договор- две години власт. – вели Мицкоски.
Лидерот на опозицијата денеска порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во техничката влада. Најави дека највисоките партиски органи во следниот период ќе решаваат кои кадри ќе седнат во министерствата. Порача и ако столчето во ДИК не и припадне на албанската опозиција, ВМРО ДПМНЕ ќе ги повлече своите членови.
Ковачевски пак денеска ја најави средбата со Мицксоки. Кажа дека ќе биде без камери и без помпа. Не откри кога и каде ќе седне на масата со Мицкоски, само порача дека средбата ќе биде протоколарна,