Исчезна 29-годишник од Струмица, полицијата цела недела трага по него

Една недела полицијата трага по дваесет и деветгодишниот Марко Давчев од Струмица кој е пријавен за исчезнат.

„На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од МВР.