Османи: Семејството со новороденчето е извлечено од Харков!

„Семејството со новороденчето е извлечено од Харков, не се излезени се уште од Украина, но се безбедни“. Ова го изјави денеска министерот за надворешни работи – Бујар Османи. Додаде дека се во комуникација и очекува денеска тие да ја напуштат Украина.

„Денеска уште едно семејство од Запорожје преку воз излегуваат од Украина и двајца поединци исто така од нашите граѓани од Киев со кола се приклучени на еден конвој, додека останатите 15 монитори од специјалната мисија денеска исто така ја напуштија Украина. Така што, во моментот имаме само еден од тие вкупно 30-те монитори во рамки на специјалната мисија којшто е останат во Украина, така што продолжуваме со овие комуникации и со разговори со партнерските земји да ги извлечеме сите безбедно од Украина“ – рече Османи.

Посочи и дека вчера ги комуницирале други граѓани кои немаат ниту гориво за да можат да се движат безбедно низ коридорот, па Османи истакна дека комуницираат за да создадат коридори коишто се поблиску до нивното место на наоѓање.