Само половина од Македонците им веруваат на вакцините против Ковид 19

Направено е ново глобално истражување за ставовите кон вирусот Ковид-19, спроведено од Меѓународната асоцијација „Галуп“ на крајот на 2021 година кое вклучува околу 42.000 полнолетни граѓани од 45 земји низ светот, меѓу кои и Северна Макединија.

На прашањето дали вакцините против коронавирус се навистина ефикасни, македонските граѓани се во рамките на светскиот просек, скоро половина (49%) од испитаниците се изјасниле дека се согласуваат со оваа изјава, 43 отсто не се согласуваат, а 5 отсто немаат одговор на ова прашање.

Прашани дали заканата од коронавирусот е претерана, кај нас, 60 отсто од анкетираните веруваат дека заканата од коронавирусот е претерана, 34 проценти сметаат дека заканата од коронавирусот не е претерана и 5 отсто немаат одговор на прашањето.

На прашања колку сум подготвен да жртвувам некои од моите човекови права доколку тоа помогне да се спречи ширењето на вирусот, С Македонија е во рамките на светскиот просек (60%), 61 процент од анкетираните во земјава се согласуваат со оваа изјава и покажуваат подготвеност да жртвуваат некои од своите човекови права доколку тоа го спречи ширењето на вирусот.

Половина од анкетираните, на светско ниво, се сомневаат дека вакциите се навистина ефикасни, додека 43 отсто не се сомневаат.

Несигурноста кон вакцините е најизразена во Африка (64%), а најмалку се сомничави во САД (51%).

Истражувањето „Крајот на годината – Ковид 19“ во С. Македонија во 2021 година го спроведе БРИМА – македонскиот член на Меѓународната асоцијација Галуп во периодот од 18 ноември до 2 декември 2021 година. со 1.210 испитаници.