Орбан: ЕУ не смее да започне преговори за членство на Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека земјата ќе продолжи да се придржува до ставот дека Европската унија не смее да започне преговори за членство на Украина во блокот, туку дека Европа треба да се стреми кон стратешко партнерство, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на унгарската веб-страница Мандинер.

Орбан, исто така, повтори дека ова прашање треба да биде отстрането од дневниот ред на самитот на ЕУ оваа недела.

„ЕУ се подготвува да направи грешка и ние мораме да ја спречиме, дури и ако другите 26 членки се подготвени да ја направат. Ако сакаме да ја поддржиме Украина, како геостратешки сигнал, тогаш тоа треба да го направиме, но не со членство “, истакна Орбан.