Во инцидент во Газа загинаа седум израелски војници, меѓу кои и командантот

Седум израелски војници, меѓу кои и командант на баталјон, загинаа во инцидент во северниот дел на Појасот Газа, соопшти синоќа израелската армија (ИД).

Меѓу загинатите е и потполковник Томер Гринберг, командант на 13-от баталјон на елитната бригада Голан, соопшти армијата.

Тоа е еден од најсмртоносните инциденти од почетокот на израелската копнена инвазија на Газа, но војската не објави детали.

Уште еден војник загина вчера во одделен инцидент во Газа, со што бројот на израелски војници загинаа во Појасот Газа на 112, соопшти армијата.

Најмалку 18.412 луѓе се убиени во Газа за време на израелските напади од 7 октомври, објави вчера Министерството за здравство на Газа, кое го раководи Хамас.