Претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ), Перо Антиќ доби активно учество во кампањата за партијата СНС во Србија.
Тој синоќа се појави на спот на кој јавно ги повикува граѓаните на северниот сосед да гласаат за српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата листа „Србија не смее да застана“ на претстојните парламентарни избори закажани за една недела.
Антиќ во спотот не се појави како обичен граѓанин, туку се декларира и претстави како предводник на македонската кошарка, а многумина би рекле и надвор од етичките, морално, а можеби и од законските норми.
„Како што во кошарката навивачите се нашата сила, во политиката е народот. И го чуваме грбот на Аца (Александар Вучиќ н.з). Јас сум Перо Антиќ, поранешен кошаркар, сегашен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Се гледа што работат Вучиќ и луѓето од Владата, дека се помага, дека се инвестира во спортот, во инфраструктура, така што нема зошто да не го поддржиме ние тоа. Кога е стресот во прашање, тука е и тимот. Тимот е секогаш тука да те крене во вистинскиот момент, така што тој е капитен, а неговиот тим го следи. Ништо друго, одиме понатаму и секако на 17. знаеме што треба да направиме. Погодете во вистинскиот кош! Гласајте за вистинскиот! Србија не смее да застане! Александар Вучиќ“, гордо кажа Антиќ во спотот кој беше споделен на социјалните мрежи на претседателот на Србија.
View this post on Instagram