Вечерва Сребра Ѓорѓијевска е наш гостин водител, а така разговаравме и за медиумот Умно.мк.
Во краток разговор со неа разговараме за изместените вредности во нашето општество.
По некои 20 години во новинарството во областите: образование, култура и наука дојде поривот да понудиме содржина која ќе биде наша борба против шундот и неквалитетот. Почнавме со јасна и чиста идеја, а оттаму ни дојде и името „умно.мк“ која има и убава симболика како наш македонски збор. Веќе имаме убаво профилирана публика за која сме многу среќни која уште од самиот почеток ја имаме како таква: критична, култура, ретко имаме недолични коментари, вели Ѓорѓијевска за „Трилинг“.
Таа се осврна и на терминот „вистински вредности“.
Подзаборавените работи како „семејство“ често ги спомнуваме, а публиката на тоа добро реагира. Им даваме простор пред се на децата кои се наши претставници на олимпијади и низ целиот свет. Пример: Средношколци ни праќаат работи кои сакаме да ги објавиме.
Култура и уметноста се во фокусот на нивниот медиум, па затоа таа вечерва разговараше со Ана Стојаноска. Целото интервју со Ана Стојаноска и Сребра Ѓорѓијевска за „Трилинг“ може да го погледнете ТУКА.