Палевски го извршил убистото на Вања, по три дена избегал од Македонија

Љупчо Палевски – Палчо е главен организатор на двете киднапирања, а според првичните информации на МВР бил и убиецот на Вања Ѓорчевска.

Ова го посочи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој избеганиот го квалификуваше како монструм.

Според него, Палевски заминал од Македонија во Белград, па Бугарија и понатаму се утврдуваат сите аспекти. Од државата излегол на 30 ноември. Вања била грабната од влезот на зградата. Во двата различни случаи, имало по еден сведок на убиствата.

„Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27.11 според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите кои можат да дојде полицијата, ја напуштил држвата. Му го следиме трагот“ рече Спасовски.

Во двата случаи извршителот е Палевски, објасни Спасовски, кој за ова лице рече „тој е главен организатор“.

Главниот скопски обвинител, Гаврил Бубевски, посочи дека по отворање на истрагата по Палевски ќе има меѓународна потерница.

„Во овој момент сме на линија без никакви задршки, сторителите на овој чин бидат изведени и казнети за тоа што го направија“, посочи Бубевски.

Според него, двајца од осомничените сведочеле дека информациите за движење на девојчето ги дознале од Палевски, кој ги имал од таткото.

Против Палевски имало неколку прекршочни постапки.