Бубевски: Мотивот е користољубие, но само при грабнувањето, а потоа се работи за убиство

„Извршиле две кривични дела, грабнување. Настана забуна околу поимот користољубие. Има и две кривични дела – убиства. Сторителите се исти за двете кривични дела и се казнува најтешко, според законите во државата.

Против три лица има мерка притвор од 48-часа затоа што се уште е во тек обработката на податоците. Се уште постапката е во фаза на предистрага, но можеме според закон да влеземе со краткотраен притвор.

Повторно ќе се прибираат докази, ќе биде издадена и меѓународна потерница за лицето кое не е во државата. Мотивот е користољубие, но при грабнувањето, а потоа се работи за убиство.

Нема дилема што може да се очекува за сторителите на овој грозоморен чин. Согласно ингеренциите, сме на линија без никакви задршки сторителите да бидат казнети за она што го направија.

МВР постапуваше деноноќно, се вршеа многу истражни дејствија, кои бараа големо трпение“.

Ова меѓудругото на прес-конференцијата го изјави основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје – Гаврил Бубевски.