
Жител на селото Бразда (64 годишен) е главниот осомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска, пренесува „Пресс24“.
Според нивните информации, ова лице се товари за делото убиство, а останатите четворица осомничени се товарат за други полесни кривични дела поврзани со грабнувањето на девојчето.
Меѓу останатите четворица осомничени, неофицијално, има и една жена.
Според последните информации од обвинителството, мотивот е користољубие, а неофицијално член на семејството на убиеното девојче бил во должничко/доверителски односи со лицето за кое постојат сомневања дека го нарачало убиството, а кое до овој момент не е приведено од полицијата.