Израелската армија лоцираше ракети под кутиите од Обединетите нации

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека нејзините трупи кои дејствуваат во северниот дел на Појасот Газа лоцирале десетици ракети скриени под кутиите означени со УНРВА, како и друго оружје на Хамас.

Припадниците на резервниот баталјон 7007 пребарувале станбена зграда во областа кога пронашле соба со голем број кутии со логото на UNRWA – Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток.

Според ИДФ, под кутиите биле пронајдени десетици ракети, минофрлачи и други експлозиви.

– Одделно, војниците на 414-та единица за собирање борбено разузнавање кои оперираат во куќа во северна Газа пронашле гранати, делови од оружје и друга воена опрема во спалната соба, тврди ИДФ.