Ракетиран е центарот на вториот по големина украински град, Харков – повредени се 6 лица, од кои едно е дете, а бројката на загинати се утврдува. Ова го соопшти Државната служба за вонредни состојби. Медиумите во Украина јавуваат дека е изгаснат пожарот што, по нападот, се појави на покривот од зградата на операта.
Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека во нападот на Харков утринава загинало едно лице, а тројца се повредени.
Министерот за надворешни работи на Украина – Дмитро Кулеба повика на дополнителни меѓународни санкции против Русија по, како што рече, „варварскиот“ напад на градот Харков.
„Варварски руски ракетни напади врз централниот Плоштад Слобода и станбените области на Харков. Путин не може да ја скрши Украина. Од бес, тој врши повеќе воени злосторства, убивајќи невини цивили. Светот може и мора да направи повеќе. Зголемете го притисокот, целосно изолирирајте ја Русија“ – напиша Кулеба на Твитер и притоа објавуви видео од нападот.
Barbaric Russian missile strikes on the central Freedom Square and residential districts of Kharkiv. Putin is unable to break Ukraine down. He commits more war crimes out of fury, murders innocent civilians. The world can and must do more. INCREASE PRESSURE, ISOLATE RUSSIA FULLY! pic.twitter.com/tN4VHF1A9n
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 1, 2022