(Видео) Со „Пикник на фронтот“ режисерот Цветановски ги опишува „малите луѓе“ кои преживуваат војна

Беконечен е кругот на војните во нашата историја. Во војна најмногу профитираат воените профитери. Не знам кој најмногу добива во војна, но знам кој најмногу губи – тоа е обичниот народ, вели режисерот Цветановски во вечерашното гостување на „Трилинг“.

Во средата вечер во драмскиот театар во Скопје имаше премиера на претставата „Пикник на фронтот“ работена според делото на Фернандо Арабал, а во режија на Андреј Цветановски.

Младиот режисер Цветановски вечерва ни гостуваше во „Трилинг“ со кого разговаравме повеќе за оваа претстава.

Се обидовме да создадеме претстава која ја опишува луѓето кои ја преживуваат војната. Луѓето кои се прашуваат кога се создава една војна два пати да се запрашаат ако ги погледнат работите на „малите луѓе“ кои на терен ја преживуваат војната, вели режисерот.

Зборувајќи околу војните и кој ги креира, Цветановски вели дека: Многу си личат сите оние кои ги креираат војните.

Ние сме само еден производ на некакви конструкции за профит, моќ и што се не. Се она што го гледаме е резултат на игри на големи глави кои создаваат работи заради лични интереси, а не заради пропагандата, потенцира Цветановски.

Тој ги анализира и војните.

Беконечен е кругот на војните во нашата историја. Во војна најмногу профитираат воените профитери. Не знам кој најмногу добива во војна, но знам кој најмногу губи – тоа е обичниот народ, заклучува режисерот Цветановски.