Милијардерот Роман Абрамович е во Белорусија на барање на Киев, со цел да помогне во преговорите меѓу Русија и Украина, за ставање крај на конфликтот.
Абрамович, сопственик на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, бил побаран од Украинците да помогне и тој отпатувал за Белорусија за да учествува во дискусиите, објави израелскиот весник „Џерузалим пост“.
Делегации на Русија и на Украина во белорускиот пограничен град Гомел ги започнаа преговори со цел да се најде начин да се прекинат борбите во Украина.
Абрамович има блиски врски со еврејските заедници во Украина и Русија.