
„ДПМНЕ цел ден бега од седница на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија. Бегаат затоа што се обидоа да ги излажат граѓаните злоупотребувајќи ја комисијата и затоа што се фатени како ги лажат граѓаните“. Овие пораки ги испраќаат од владејачката СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.
Оттаму тврдат дека денеска се случил преседан, заклучоците напишани од Белата Палата, Рашела Мизрахи ги прочитала без усогласување, без гласање, без разгледување и дала пауза, со што, според партијата директно ја залоупотребила својата функција како претседавач на комисијата.
„Целта на ДПМНЕ не е вистината, не е истрагата, не се пациентите на Онкологија.
Јавноста е сведок за една класична политичка злоупотреба од страна на ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи.
Затоа Мизрахи бега, затоа сите членови на комисијата од ДПМНЕ денеска бегаат од седница.
Заради ваквите злоупотреби Мизрахи треба да си даде оставка“, велат од СДСМ.