Продолжено примирјето меѓу Израел и Хамас

Катар објави дека е постигнат договор за продолжување на примирјето меѓу Израел и Хамас за два дена, пренесува Би-би-си.

Претходно договореното примирје требаше да истече по денешниот ден, пишува британскиот јавен сервис.

Катар посредува во разговорите меѓу Израел и Хамас.