41 месец во затвор за удирање полицаец во Капитол хил
При упадот во американски Капитол хил на почетокот на 2021 година, извесен Скот Ферламб физички напаѓа полицаец, па поради тоа добива затворска казна од 41 месец.
Странските агенции информираат дека неговата е највисоката од 700 кривични случаи покренати против приврзаниците на екс-претседателот Доналд Трамп за нападот на Капитол хил извршен на 6. јануари.
Ферламб, според она што се гледа на снимките, вика по полицајците, пред да турне еден од нив и да го удри со тупаница по лицето. Тој ја призна вината.
Еден полицаец почина како последица од нападите тој ден, а четворица полицајци вклучени во одбраната подоцна си го одзедоа животот.
Повредени беа околу 140 полицајци.