Пановски: Рестрикции веднаш за да нема експлозија од Ковид 19

„За почеток, треба да се казнат сите кои за време на избори не ги почитуваа мерките, како на пример носење на маски во затворен простор“

Ако надежите се промениле дека следува нов бран, не треба да се прават било какви калкулации, туку веднаш да се превенира, е првичната реакција на проф. д-р Никола Пановски за порталот „Трилинг“.

Микробиологот смета дека ако здравствените власти ја согледале фактичката состојба, тогаш очекува да реагираат навремено и превентивно, а тоа е сега, без одложување.

„Не го разбирам ставот дека рестрикции ќе има ако се зголеми притисокот врз болниците. Би се сложил со ставот: Воведуваме рестрикции сега за да го спречиме притисокот врз болниците. Тоа е превентива. За жал ни по експлозијата од случаи сред лето кога превентивата потполно изостана, не се научи лекцијата” – коментира проф. д-р Пановски.

Тој сугерира наставата да се одвива он-лајн до распустоот за Нова Година, да се забранат собирања во затворен простор, ресторани, ноќни клубови, со ограничен број на гости дома, следуваат слави.

КАЗНА ЗА ПОЛИТИЧАРИТЕ КОИ НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ КОВИД ПРОТОКОЛИТЕ

„За почеток, треба да се казнат сите кои за време на избори не ги почитуваа мерките, како на пример носење на маски во затворен простор. Тоа е претседател на Владата, Претседател на државата, претседател на Собрание, министри, пратеници, градоначалници на Скопје, Гази Баба итн – доказ, слики и видеа од отворање на „Ист Гејт“, 29.10. Целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, над 50 лица, повеќето од нив сега градоначалници или советници. Доказ – видео од предизборен спот во затворен простор со над 50 лица без маски и дистанца про. Без да се казнат самите себе, се друго е депласирано” – заклучува проф. д-р Никола Пановски од Институтот за микробиологија.

Г.Ч.