Во Битола утрово измерени -10 степени

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-10 Битола, Берово, Попова Шапка, Маврови Анови, -8 Прилеп, Дебар, Крушево, -7 Охрид, -6 Тетово, Крива Паланка, Демир Капија, -5 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, Претор, -4 Струмица, Штип, -3 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Виница, -2 Дојран, Гевгелија.

СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во cm)

20 Ѓуриште, 19 Пожаране, 18 Дебар, 16 Маврови Анови, 14 Битола, 13 Берово, Крушево, 12 Крива Паланка, 7 Прилеп.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во првата половина од ноќта беше малку до умерено облачно со слаб, а долж Повардарието и во источните делови со умерен ветер од северен правец. На истокот провејуваше слаб снег. Во втората половина се разведри насекаде, а јачината на ветерот се намали, па утрово е ведро, претежно тивко и студено.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и студено, во западните делови со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Во Скопје сончево и многу студено со мала облачност. Максималната температура ќе достигне 3 степени.