
Претседателот на Србија вечерва изјави дека е носител на листата на претстојните избори.
– За мене е важно да ги извршувам должностите на претседателот на републиката во интерес на сите граѓани.
– Денеска Ана Брнабиќ, Мали и јас разговаравме за некои дополнителни мерки кои не важат за луѓето кои гласаат. Во следните 10 дена како држава ќе префрлиме пари на локалните самоуправи кои на секој средношколец во нашата земја ќе му исплатат по 10.000 динари преку мајка или татко – рече Вучиќ.
– За студентски картички веќе се пријавиле 66.000 студенти, а Поштанска штединица ќе им плати по 1.000 динари, а за тоа ќе ја обештетиме Поштанска штидиница – најави тој.
– Одиш во Лесковац, носиш мамограф и 15 дена подоцна мамографот не работи. Да покажеме доволно грижа. Сите бараат амбулантни возила, сега ќе купиме 50 за цела Србија. И покрај сето тоа, дали Србија оди напред? Да оди. Секоја година нè има се помалку поради природниот прираст. Ќе има многу повеќе повратници од оние што ќе заминат, а тоа значи дека Србија е се поубаво место за живеење. За да победат другите, за 4 години не можат да обиколат се што отворив или поставив камен-темелници, не можат да обиколат со коли или хеликоптери. Го вративме животот во Србија, безбедноста – рече српскиот претседател.