
Израелската армија уапси 20 Палестинци во неделата на окупираниот Западен Брег, со што вкупниот број на затвореници од 7 октомври наваму на 3.200, објави Клубот на палестинските затвореници.
– Окупаторските сили уапсија најмалку 20 Палестинци од градовите и населбите на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, ноќта меѓу саботата кон неделата, се наведува во соопштението на невладината група.
Како што стапи на сила хуманитарната пауза во Појасот Газа во петокот наутро, израелската војска продолжи со рациите и апсењата во различни градови и населени места низ окупираниот Западен Брег.
Судирите ескалираа како резултат на разорната офанзива што израелската армија ја започна на појасот Газа на 7 октомври.
Четиридневната хуманитарна пауза, со посредство на Катар, стапи на сила во петокот, привремено запирајќи ги израелските напади врз Појасот Газа.