Изет Меџити: Македонија последна во регионот со економски раст

Дека оваа влада има нула визија за економски развој покажува и Извештајот на Светска банка за годината што изминува, каде Северна Македонија е на последното место во регионот.

Светска банка објави дека годинава најголем раст има Црна Гора со 4,8 отсто, Албанија со 3,6 отсто и третото Косово со 3,2 отсто.

Северна Македонија бeшe надмината и од Босна и Херцеговина со 2,2 отсто и Србија со 2,0 отсто, додека нашата земја е последна со само 1,8 отсто раст, што не прави најсиромашни граѓани во регионот, додека Албанците од РСМ со понизок животен стандард од Албанците од Албанија и Косово.

Иднината е уште помрачна, каде што според прогнозите, земајќи ги предвид параметрите на инфлацијата, економскиот развој на Северна Македонија дополнително ќе оди во минус и се очекува уште поголемо осиромашување.

Како политичари и како албанска опозициска партија, уште потешко ни е да го толерираме овој катастрофален економски резултат, кога знаeмe дека целиот економски тим во владата се Албанци.

И за следната година проекциите се дека Северна Македонија ќе биде последна со економски развој во регионот, но ви ветуваме дека оваа година ќе биде последна што овој тим губитници става рака на економското планирање на земјата.