Албанија ќе претседава со Централноевропската иницијатива
Од први јануари Албанија го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), објави министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани.
Тој на социјалната мрежа Икс објави дека Албанија ќе ја унапреди мисијата за регионална соработка и интеграција во ЕУ.
– Бидејќи Албанија го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ние остануваме посветени на унапредување на мисијата и целите на ЦЕИ во поттикнувањето на регионалната соработка, интеграцијата во ЕУ и одржливиот развој, наведе Хасани.