Познатиот актер, режисер и продуцент Клинт Иствуд во мај го прослави 93-от роденден, но сè уште работи напорно.
Иствуд го режира филмот „Поротник 2“ (Juror No. 2), во кој, меѓу другите, играат британскиот актер Николас Хулт и австралиската актерка Тони Колет, пишува „Пипл“.
Филмот се снима во Грузија, а во него ќе се појават и Кифер Сатерленд, како и актерката Зои Дојч.
Иствуд го режира трилерот, чие дејство го следи поротникот во судењето за убиство, кој сфаќа дека можеби тој ја предизвикал смртта на жртвата и има дилема, растргнат е помеѓу тоа дали да се предаде или да манипулира со поротата и да се обиде да се „извлече“.
Ова е прво остварување на Клинт Иствуд по оскаровецот „Cry Macho“ од 2021 година, а неодамна на интернет се појавија фотографии од сетот на „Поротник 2“, на кои се гледа како Иствуд режира.
Многумина во коментарите напишаа дека „му завидуваат на ентузијазмот што го има за работа, и тоа на таа возраст“.
Да потсетиме, снимањето извесен период беше прекинато поради штрајкот на актерите во САД, но сега продолжи.