Емили Ханд наполни девет години во заробеништво во Газа, еден ден пред повторно да се соедини со нејзиниот татко, кој првично веруваше дека таа е убиена во разорниот напад на Хамас врз јужен Израел минатиот месец.
Емили беше ослободена во друга група заложници ослободени од Хамас. Објавена е и снимка од моментот кога била вратена кај нејзиниот татко.
Ослободувањето е дел од договорот со Израел со посредство на Катар. Се чини дека Емили е во добра здравствена состојба.
Деветгодишното девојче е ќерка на ирски имигрант во Израел, а нејзината мајка починала од рак кога Емили имала две години. Семејството на девојчето ги опишало нивните измешани чувства.
„Не можеме да најдеме зборови да ги опишеме нашите емоции по педесет предизвикувачки и комплицирани денови. Пресреќни сме што повторно ќе ја гушкаме Емили, но во исто време се сеќаваме на Раџа Ротем и сите заложници кои допрва треба да бидат вратени“, велат од семејството.
The first hug! Here’s the moment Emily Hand ran into the arms of her father.
And right after, Hila Rotem Shoshani ran into the arms of her uncle. Her mother is still being held hostage in Gaza. pic.twitter.com/c0sSvqaoNc
— Aviva Klompas (@AvivaKlompas) November 26, 2023