Хамас синоќа му предаде на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) 13 израелски заложници и четворица странци, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар, по доцнењето за кое Хамас тврдеше дека е поради непочитување на договорот.
„Тринаесет Израелци и четворица странци се примени од МКЦК и се на пат за Рафа“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед Ал Ансари.
Израелските власти ослободија 39 палестински затвореници, меѓу кои шест жени и 33 деца, објави палестинската новинска агенција ВАФА. Според извештајот, ослободени се шест жени и 33 млади мажи помлади од 19 години. Тие беа примени од нивните семејства во Источен Ерусалим и на Западниот Брег.
Како услов на договорот, милитантите на Хамас прво мораа да ги ослободат израелските заложници држени во Газа пред да ги ослободат палестинските затвореници од израелскиот притвор, според локалните извештаи. Египет, САД и Катар посредуваа за четиридневен прекин на огнот меѓу Израел и исламистичкиот Хамас во размена на 50 цивилни заложници за палестински затвореници.
Media coverage: “Al Qassam Brigades released footage showing the release of the second batch of Israeli prisoners. The prisoners seem healthy and comfortable while waving to the resistance fighters.” #BREAKING pic.twitter.com/dLPxzWGTF0
— Quds News Network (@QudsNen) November 25, 2023