Во моментов полицијата го обезбедува објектот, а како што дознаваме, причина за евакуацијата е запален автомобил во подземната гаража.
Сите вработени во трговскиот центар се евакуирани од споредните влезови, а исто така внатре нема ниту купувачи.
,,Денеска во 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило “рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето” , велат од МВР.