Евакуација на трговскиот центар Ист Гејт повторно се случува во моментот.
Сите вработени се евакуирани од споредните влезови на трговскиот центар, а исто така внатре нема ниту купувачи.
Според неофицијални информации како што пишува Курир се работи за запален автомобил во подземната гаража.
Во моментов полицијата го обезбедува молот, повеќе детали се најавуваат во текот на денот.