„Комити“ подаваат рака за помош кон „Чкембари“, откако битолчанец го загуби домот во пожар. Верните навивачи на Вардар ќе донираат пари за верен навивач на Пелистер кој остана без дом откако се запали неговата куќа.
Групата одлучи целиот приход од гостувањето во Кратово, да го донира на членот на н.г. „Чкембари Битола”, кој при пожар го загуби сопствениот дом, соопштија „Комити“.
Тие ги повикуваат сите во Кратово.