Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија во текот на ноќта лансирала повеќе од 70 дронови „Шахед“ кон Украина, од кои повеќето биле соборени.
Зеленски рече дека нападот, кој се случи во раните утрински часови на денот кога Украина го чествува Холодоморот од 1932-33 година, кога неколку милиони Украинци умреа од глад, е чин на „намерен терор“, пренесува Ројтерс.
Претходната ноќ Русија го изврши најмасовниот напад со беспилотни летала со камикази врз Украина, а цел на беспилотните летала Шахед првенствено беше Киев, соопштија од украинските воздухопловни сили.
Како што се наведува, голем број руски дронови од различни правци биле лансирани кон Киев.