Страшно невреме во Задар – за еден ден падна рекордна количина дожд, колку за цел месец

Во Задар утрово имаше ненадејно невреме кое предизвика вистинска поплава во градот.

Според метеорологот Ана Видовиќ, за еден час наврнале над 50 литри дожд на метар квадратен, што е нешто што не се гледа за еден месец. Обилните врнежи предизвикаа вонредни мерења, а попрецизни податоци за количината на врнежи ќе има дури попладне.

Невремето предизвика проблеми во сообраќајот, а бројни улици беа поплавени.

Најголеми штети се забележани во спортскиот центар Вишњик, каде поројот од вода навлезе во затворениот базен. Поради оваа причина овој објект е затворен до дополнително известување, а вработените во базенот работат на санирање на штетите.