Ангелов: Мапа на голема Албанија праќа лоша порака и на тоа мора да се реагира

Горд сум на тоа што во извештајот на ЕК е пофалена работата на Центарот 112 за кој вложивме многу напор да го организираме. Сите повици се снимаат па исклучена е можноста да се префрла вината од една на друга институција. Тоа не се тајно снимени разговори и понекогаш се преслушуваат, а кога има сложен случај се прави конференциска врска од неколку служби за да се скрати времето во кое граѓанинот ќе добие помош, вели лидерот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов на ТВ24.

– Јас се борам за помирување. Појдов со цвеќе во Липково да оддадам почит кон цивили кои ги загубиле животите во конфликтот. Но, на отворање на спомен-куќата во Сопот присуствуваше Али Ахмети. Наводно тоа беше за настан од 1944 година, но ние видовме карта на голема Албанија и обележја на УЧК. Ние имаме амблем на УЧК среде Скопје. Мене ме иритира картата на голема Албанија во која има дел од нашата држава праќаме лоша порака, а во тоа учествува врвот на ДУИ. Во однос на крстот на Попова Шапка, Беса ја нападна ДУИ дека дозволила изградба на крст на црковно земјиште. Но тој крст е на црковно земјиште и не е доминантен. На Попова Шапка има нелегална џамија за која не верувам дека некој оди таму оти таму не живеат Албанци. Некои работи наликуваат на провокации како гласните повици од минарињата, или посетата на премиерот на Косово Курти. Дали ние треба да молчиме на ова? Затоа треба да се каже стоп. Ако ДУИ не реагираше на крстот на Шапка никој немаше ни да го забележи оти не е доминантен – вели Ангелов.

Тој додава дека ако се случи некој Албанец да го урне крстот тоа ќе предизвика домино ефект.

Ангелов вели дека Беса го започна огнот со тоа што најави дека ќе го отстрани крстот оти реакциите ќе бидат големи.