Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека погодиле неколку локации на либанската милитантна група Хезболах во јужен Либан како одговор на денешните ракетни напади на израелско-либанската граница.
ИД соопшти дека погодила воен комплекс на Хезболах, набљудувачка станица и друга инфраструктура, објави „Тајмс оф Израел“.
Неколку противтенковски и минофрлачки проектили беа истрелани рано денеска од Либан кон различни области долж северната граница на Израел, а сите паднаа на отворени области.