Столтенберг пристигна во Сараево

Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО вечерва пристигна во Сараево со што почнува неговата неколкудневна турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Вечерва е најавена негова работна вечерва со членовите на Претседателството на БиХ.

Утре ќе има разговор со високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит, по што ќе се сретне со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто. Потоа е предвидено тој да се обрати и пред медиумите.

Столтенберг ќе го посети и седиштето на НАТО во Сараево, каде ќе има средби со воени лидери и претставници на меѓународната заедница. По Босна и Херцеговина, Столтенберг го продолжува патувањето за Косово, на средби со претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти.

Потоа ќе ја посети Србија каде треба да се сретне со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, а турнејата ќе ја заокружи со дводневна посета на Северна Македонија.

Според најавите, Столтенберг во Скопје треба да пристигне во вторник, 21 ноември.