
Премиерот Димитар Ковачевски најави покачување на пензиите до ниво на минимална плата.
„Во буџетот за антикризни мерки до крајот на оваа година се предвидени 75 милиони евра, а за следната година предвидени се дополнителни 55 милиони евра. Овде пред сѐ продолжуваме со мерката за субвенционирање на електричната енергија. Пензиите ќе бидат покачени до ниво на минималната плата, а минималната плата ќе биде покачена на историско највисоко ниво од 22.500 денари. Зголемени плати ќе имаат и работниците во целиот јавен сектор. Буџетот на нашата држава ги исполнува целите за кои е направен, како што се обезбедување на фискална, економска, макроекономска и монетарна стабилност. Носиме мерки со кои го подобруваме животниот стандард на сите наши граѓани“, вели Ковачевски во објава на Фејсбук.