Милевски: Утре не очекува голем меч, вистински спектакл

Во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против селекцијата на Англија во Скопје, селекторот Благоја Милевски ги сподели своите очекувања.

– Веќе направивме доста измени и во составот и во начинот на функционирање по дуелот во Манчестер. Веќе имаме нова физиономија на тимот, со доста млади играчи, со добра перспектива според она што го гледаме во последните пет натпревари. Нормално е да имаме осцилации со млад тим, ама тоа мора да се мине. Овие натпревари се одлична шанса, да ги споредите своите можности со најдобрите во Европа и светот. Свесни сме дека проблемот со темпото ни е актуелен веќе со месеци наназад. Ростерот е тој, играчите имаат доста проблеми во своите клубови, ама тука не можеме да помогнеме. Ќе мора да се надеваме дека ситуациите ќе им се променат, за да бидеме што поконкурентни барем на физички план против вакви противници – рече Милевски.

– Примивме многу голови во овие квалификации и треба да работиме на тоа. Можеме во иднина само да се подобруваме и да напредуваме. Верувам во потенцијалот на оваа генерацја, утре не очекува еден голем меч, вистински спектакл и се надевам дека ќе уживаме и ќе одиграме добар натпревар – смета македонскиот селектор.