
Принцот Вилијам доби незгодно прашање од едно 11-годишно момче. За време на посетата на младинскиот клуб во Манчестер, 11-годишниот Амир Хасан го прашал принцот за неговата банкарска сметка
„А, колку пари имаш ти на сметка во банка“? – љубопитно прашал Амир ракувајќи се со Вилијам.
Принцот се насмеал на прашањето и брзо се снашол ситуацијата.
„Јас сум буквално последната личност што треба да ја прашаш. Види, косата ми исчезнува“ – се пошегувал принцот.
Според протоколот, членовите на кралското семејство никогаш не носат готовина со себе. Тоа е наводно до безбедносни причини, иако се знае дека бабата на принцот Вилијам, кралицата Елизабета Втора, во недела носела пари во чантата и ги донирала во црква.
Британскиот престолонаследник не е без пари во џебот.
Според британските медиуми, се верува дека Вилијам тежи околу 1 милијарда фунти.