Србија има 5 милијарди евра на сметка, буџетите на соседите се двојно помали, тврди Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека државните инвестиции растат „со брзина на молња“.

– Бројките скокаат како ракета. Имаме пари. Ние сме една од ретките земји кои имаат 5 милијарди евра на сметка. Покажете ми земја од наша големина во опкружувањето која има 5 милијарди евра на сметката. Нема никој – рече Вучиќ во Зајечар.

Тој додаде дека буџетите на околните земји се два пати помали од она што Србија моментално го има на контото, без да влезат тековни приходи.