Силен ветер и дожд ја парализираа Босна и Херцеговина

Предупредувањето е издадено за регионот Бања Лука поради предвидените удари на ветрови меѓу 40 и 60 километри на час, а за регионот Приједор се предвидуваат ударите на ветерот да биде меѓу 50 и 70 километри на час, пишува N1.

„Очекувајте мало нарушување на активностите на отворено. Внимавајте на отпадот што го носи ветрот“, беше објавено на веб-страницата на Федералниот хидрометеоролошки завод.

За Вишеградскиот Регион количината врнежи се очекува да биде меѓу 20 и 40 литри на квадратен метар.

„Бидете свесни за потенцијалот за локализирано поплавување на мал број имоти, со локално нарушување на активностите на отворено. „Тешки услови за возење поради намалена видливост и неконтролирано движење на возилата поради врнежи“, се наведува во предупредувањето.

Предупредување е издадено и за регионот на Сараево бидејќи се очекува количината врнежи да биде меѓу 15 и 30 литри на квадратен метар, а за Тузла очекуваната количина врнежи од 20 до 40 литри дожд на квадратен метар.