Меси: Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси почна почесто да се рекламира и да ги искажува своите ставови. Тој сега го коментираше еден од најдобрите тренери на денешницата Пеп Гвардиола и даде многу интересна изјава.

– Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот. Сите мислат дека ќе биде лесно ако го копираат неговиот стил. Но, се разбира, тоа не е така – изјави Меси.

Постигна одлични резултати во последните 15 години и многумина го сметаат за еден од најголемите стручњаци.

– Нема сомнеж дека Гвардиола е многу посебен. Посебно начинот на кој тој гледа на секој натпревар, подготовката за мечот и начинот на кој разменува тактики со вас – додаде Лионел Меси.