Володимир Зеленски – претседателот на Украина во утринското обраќање ја обвини Русија дека гранатира цивилни објекти и станбени згради. Порача дека Украина „ќе продолжи да се бори сѐ додека земјата не е ослободена“.
„Изминатата ноќ беше брутална. Повторно пукање, бомбардирање станбени населби, цивилна инфраструктура. Денес не постои ниту едно место и објект во оваа земја која окупаторите не ја сметаат за мета“ – рече Зеленски.